Skip to main content

Градежен шут заврши на ул. „Охридска Бригада“

Градежен шут заврши на ул. „Охридска Бригада“. Жителите потенцираат дека за дивите депонии на градежен шут е виновна граѓанската некултура но сметаат дека надлежниот инспекторат треба да го има почесто на терен и да ги санкционира ваквите појави.

 |  Николоска Биљана  | 

Времето се стопли, граѓаните реновираат и градат а градежниот шут го одлагаат каде ќе стигнат. Мни депонија со ваков отпад преку ноќ се појави на тротоарската површинаод ул „Охридска Бригада“. Жителите на оваа улица револтирани од несовесното однесување на поединци. Иван Ристески објаснува дека градежниот шут се фрла во доцните вечерни часови или рано наутро кога сите спијат па поради тоа не можат да утврдат кој е сторителот.

„Вчера прв пат реагирав на Фејбук бидејќи не знаев како поинаку…не знаев од кого да побарам правна помош каде да се обратам, дали до МВР или до некој друг инспектор…едноставно ми смета и голем дел од комшиите реагираат и ме запознаа со проблемот, па заради тоа реагираме

Нашиот соговорник вели дека на оваа улица потребни се и некои други инфраструктурни зафати како уредување на тротоарската површина.

„Ако приметите надолу од улицата таа е многу ископана, не е добра ниту за возење, а камо ли децата да ги пуштиме да играат. Не е уредена. Апелирам до надлежните да изнајдат некакво решение, затоа што имаме проблеми и со обичното ѓубре. Порано Комуналец влегуваше во сокачињата и го собираше ѓубрето од пред нашите домови а сега го оставаме на едно место и останува пак ѓубре на тоа место

Ристески во врска со комуналниот отпад смета дека треба да се изнајде друго решение, по можност да се донесат и контејнери. Директорката на ЈП „Охридски Комуналец“, Елена Скрческа рече дека проблемот со одлагањето градежен шут на јавна површина, не може да се надмине во целост се додека има несовесни граѓани. Додава дека за ваквиот проблем треба да се известува комуналната инспекција. Но таа вети дека веднаш ќе испрати екипа да го подигне градежниот шут од јавната површина на ул. „Охридска Бригада“. Додека пак што се однесува за комуналниот отпад, Скрческа нагласи дека контенјери се предвидени за местата каде што има колективно станување а кај индивидуалните објекти нивните екипи два пати неделно го подигале отпадот.