Skip to main content

Охридскиот народен театар со нова премиера комедијата „Аналфабет“

Нова премиера на Охридскиот народен театар. Станува збор за комедијата “Аналфабет” работена според текстот на Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Познатите охридски актери велат дека подготвиле претстава за сечиј вкус, а ветуваат многу смеа и забава.

 |  Николоска Биљана  | 

На светскиот ден на театарот 27 март, во ЦК „Григор Прличев“ премиерно во 20 часот ќе биде изведена комедијата на Бранислав Нушиќ, „Аналфабет“, преработена од младиот рисер кој работи во охридскиот театар Ѓорги Ризески. Директорот Горан Стојаноски ветува максимална забава од час и половина.

„Ове е една многу интересна комедија која веројатно луѓето ќе ги остави без здив од смеење. Сакам да напоменам декаво претставата се користат пиротехнички средства и дека не е дозволено за деца под 14 год

Режисерот, Ѓорги Ризески, кажа дека дејствието на комедијата се одвива во една канцаларија каде што се затворени 3 малограѓани на кои им е дадена моќ да управуваат со околината. Идејата на Нушиќ уште кога го напишал текстот, е дека темата е сеприсутна на овие простори.

„Во некои земји над секој некој кој е поставен на некоја позиција нема надлежност друг. И тоа за жал е така бидејќи во многу позиции општо земено некои луѓе кои што не си ја извршуваат работата добро сепак се оставени на тие позиции и тоа трае и трае…..

Ликот на Миќо П. Клатипатлак во комедијата Аналфабет го толкува познатиот актер Никола Тодоровски. Тој во свој стил кажа:

„Самото име одгатнува една мистерија за што се работи во претставата. Со оглед на тоа дека во нашава држава имаме голем број на административни службеници мислам дека претставата е за секого

Делата на Нушиќ се безвременски, бидејќи до срж допираат во менталитетот кој се живее на Балканот, истакна Стрезо Стаматоски.

„И оваа претстава за жал и после 100 години да се одигра во Македонија ќе биде актуелна, тоа се моите прогнози…дај Боже да не се остварат. Го играм ликот на Руменче Вујаклија, човекот кој што во мракот на просветата одбрал сам себеси да се самообразува собирајќи странски зборови и толкувајќи ги онака како што тој смета дека би требало да се толкуваат

Дизајнот на костимите во комедијата Аналфабет е модерен и нема да биде типичен како оној, кој што се работи за комедиите. Тоа така го осмисли костимографот Ванчо Василев, кој за прв пат соработува со охридскиот театар.

„Овој пат јас одлучив боите кои се користат во претставата да бидат многу неутрални, материјалите кои се користат за претставата се употребени соодветно на карактерите на ликовите

Во претставата “Аналфабет” играат, Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Елизабета Стефановска. За сценариото се погрижи Зоран Николоски.