Skip to main content

За развој на руралниот туризам треба да помогне и државата

За развој на рурален туризам потребнa е интервенција oд државата, која ќе создаде услови активностите да не се сведуваат на еднодневни екскурзии. Од друга страна луѓето во селските средини треба да имаат дефинирана структура за изградба и опремување на сместувачки капацитети, согласно европските стандарди како би можеле туристичките агенции да носат гости.

 |  Николоска Биљана  | 

Вевчани и Куратица се позитивен пример за развој на рурален туризам. Несекојденвните доживувања како што се сафари со магариња, дегустација на македонските локални специјалитети, прошетка во природа, едукативни активности ги задоволуваат потребите посебно на холандските туристи, кои годиниве наназад повторно во се поголем број ги има во охридско – струшкиот регион. Проф. Михаил Ристески, асистент на ФТУ кој работи и како туристички водич, смета дека за развој на руралниот туризам треба да интервенира и државата, бидејќи сеуште во селските средени настаните се одвиваат во еден ден и се во вид на екскурзивни активности.

„Ако сакаме да го развиеме руралниот туризам на ниво како што е во Европа или во други предели во светот треба да овозможиме услови самите туристи да престојуваат во тие рурални средини. Но тоа не е така едноставно. Постојат одредени стандарди на европски ниво за тоа како треба да се уредени и опремени самите сместувачки капацитети така да тоа бара интервенција и поддршка на властите

Ристески вели дека во селските средини ретки се индивидуалните даватели на услуги кои што имаат средства и волја да ги опремат своите сместувачки капацитети согласно стандардите кои се дефинирани со Закон. И тоа е една сериозна причина за недоволно развиениот селски туризам, додава Ристески.

„Туристичките агенции како креатори на аранжмани сигурен сум дека ќе започнат повеќе да ги инволвираат тие предели таму. Ова се само два примери кои се позитивни нормално дека и другите рурални средини и села можат да учат од досегашното искуство но и да си развијат свои јаки страни со што би биле поконкурентни не само во регионов туку и пошироко“.

Во моментов не можеме да се пофалиме дека руралниот туризам е на посакуваното ниво, со исклучок на оние средини кои работат на тоа, како што се Вевчани и Куратица.