Skip to main content

Скинат оптички кабел, причина за прекинот на услугите на Македонски телеком

Прекинот на услугите во регионот на Охрид и Ресен е решен, информираат од Македонски Телеком, откако поради прекин на оптички кабел, вчера не беа достапни услугите на Македонски Телеком во овој дел од државата.

 |   | 

– Проблемот не беше предизвикан од Македонски Телеком, туку беше резултат на оштетување на оптичките кабли при изведување на градежни зафати од страна на приватна фирма. Им се извинуваме на корисниците и им благодариме за разбирањето, информираат од Македонски Телеком.