Skip to main content

Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“

Запреа градежните работи на тротоарите на булевар „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и бараат што побрзо да се направат бидејќи е загрозена нивната безбедност. Од Локланата објаснуваат дека на терен се соочиле со дополнителни работи па затоа доцнат со санацијата.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Стопирани градежните работи за санација на тротоарите на дел од булеварот „Туристичка“. Граѓаните прашуваат која е причината и кога тротоарите конечно ќе бидат направени бидејќи сега буквално мора да се движат по коловозот каде многу брзо се вози, па загрозена е нивната безбедност.

Има застој во градежните работи на тротоарите бидејќи наследивме еден проблем а тоа е старата водоводна и канализациона мрежа која мора да се замени бидејќи е со азбесни цефки и сето то ќе ги одложи работите,  вели Томе Џамтоски, портпарол на Локална самоуправа.

Граѓаните реагираат зошто истовремено биле раскопани и двата тротоари па сега не може да се користи ниту едниот. Џамтоски објаснува дека тоа е проценка на изведувачот кој предвидел дека можат градежните работи да се извршуваат паралелно.

Според поставената динамика се очекува во текот на оваа недела да бидат заменети цефките од водоводната и фекалната канализација како и да се постават нови приклучоци после што се продолжува со градежните работи за уредување на тротоарите, вели Џамтоски.

Ова е инвестиција на општина Охрид во вредност од 10 680 000 ден., а градежните работи ги врши ЈП „Нискоградба“. Тие се дел од програмата на Секторот за комунален развој и патишта за санација на улиците и тротоарите низ градов.