Skip to main content

Илјадници туристи од земјава и странство го исполнија Охрид

Илјадници туристи од земјава и странство го исполнија Охрид во пресрет на најголемиот христијански празник, Воскресение Христово Велигден. Срцето на балканскиот Ерусалим, со околу 365 цркви со право може да се каже дека е колевка на христијанството, а тоа го покажува посетеноста од туристи точно за овај свет ден.

 |  Николоска Биљана  | 

Балканскиот Ерусалим, блесна во Велигденски сјај. Градот полн со гости од земјава и странство. Редици од автобуси и автомобили со домашни и странски гости се слеваат по градските улици, а централното градско подрачје е преполно со гости. Продолжениот празничен викенд очигледно го донесе и првиот поголем бран на туристи во Охрид. Раздвиженост се чуствува насекаде, а гостите уживаат во прекрасното време.

„Многу е убаво, доаѓаме секогаш“. Во охрид е посебно…езеро, градба, убава атмосфера, кафани…еве сега го сликав дрвото со јајца, прекрасно е. каде и да одам во светот сакам барем 5 дена да дојдам во Охрид“. Охрид е прекрасен, убавини само вака да остане да го сочуваме, а тоа зависи од нас луѓето“ – коментираат туристите кои ги анкетиравме.

Се потврдуваат информациите од Хотелската асоцијација и туристичко угостителскиот еснаф, дека за празниците има најава за посетеност на градот од голем број на туристи, пред се од земјите од соседството, пренесува градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески.

„Јас се надевам дека според она што кажува метеоролошката прогноза, не очекуваат убави пролетни денови за Велигденските празници и се очекува градот да биде преполн со гости и туристи.

Од ХОТАМ велат, дека хотелско угостителските капацитети за Велигденските празници се исполнети дури 80%. Очекуваат ваквата слика да продолжи и во предстојната сезона.

„Подготвени сме секако за сезоната 2017, имавме состаноци со сите членки на Хотам и првенствено сите се во очекувања на една позитивна сезона“

Велигденските и првомајските празници вообичаено се најава за главната туристичка сезона. Хотелиерите веруваат дека оваа година ќе имаме подобра сезона од претходната.