Skip to main content

Оваа сезона спасители на вода и од албанска страна на езерото

Спасители на вода оваа летна сезона ќе ја покриваат ревиерата на Охридското Езеро и од македонска и албанска страна. ОО на Црвен крст Охрид ќе обучува спасители на вода од албанска страна. Овој проект го реализираат со поддршка на Европската Унија. Албанските општини покажале голем интерес и сериозен пристап за реализација на овој проект.

 |  Николоска Биљана  | 

Престојната туристичка сезона спасители на вода ќе делуваат и на албанската страна од Охридското Езеро. ОО на Црвениот Крст од Охрид започнува проект со албанската страна, обука спасители на вода, која ќе ја спроведуваат инструктори од Единицата за вода при Црвениот крст Охрид открива претседателот Сашо Точков.

На албанската страна пред два месеци бевме во посета и видовме од 16 – 20 км уредени плажи, кои се очекува да бидат користени. Инаку податокот кој  што го слушнав за посетеност на туристи кои доаѓаат на албанската страна на Охридското езеро, за минатите годинибил преку 80000 туристи“ .

Точков забележува дека Локалните самоуправи на крајезерските градови, како што е тоа Подградец и останатите, имаат сериозен пристап кон обезбедување на безбедноста на плажите. Додава дека интересот на општините од албанската страна на Охридското Езеро за реализација на овој проект е огромен.

„Ќе направиме напори да го оспособиме и тој дел да биде покриен со спасители на вода кои пред се ќе бидат жители на Подградец и околните градови. Тие ќе бидат обучени според Европските стандарди на меѓународната асоцијација за безбедност на вода и кои што веќе од наредното лето ќе може да функционираат“.

И додека на албанската страна постои голема загриженост и посветеност за решавање на оваа проблематика, за жал на македонската страна на Охридското Езеро, на 30% од гостите кои летуваат кај нас, не им обезбедуваме безбеден туризам забележува Точков.