Skip to main content

„Охридски Комуналец” ќе подига кабаст отпад во Рача, Рамне и Велестово

Од јавното претпријатие „Охридски Комуналец” информираат дека утре, 19-ти април, се организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во селата Рача, Рамне и Велестово.

 |   | 

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од општината, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.