Skip to main content

За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар

За една година треба да биде завршен затворениот зелен пазар. Подготвителните работи за негова изградба започнаа и ќе се работи со полна пареа за да се запази рокот, вели Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“ кое е партнер на локлната во овој проект.Проценетата вредност на административно деловно трговската зграда изнесува нешто повеќе од 3 милиони евра.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Започнаа подготвителните работи околу изградбата на новиот зелен пазар. Од градежната фирма АД „Илинден“ која е приватен партнер на локалната за изградба на пазарот, велат дека тие ќе траат околу дваесеттина дена кога ќе вршат заштита на околните објекти од можни оштетувања поради градежните зафати кои ќе се прават. Потоа уште дваесеттина дена ќе се работи на подготвување на подлогата по што ќе се започне со градба на објектот. Ќе се работи и во летниот период.
Имавме досега некои проблеми но за среќа ги надминавме . Како проблем уште остана една линија од канализацијата. Тоа треба „Проаква“ да го реши па се надеваме дека за неколку дена ќе го решат и тој проблем, вели Радован Трајковски, сопственикот на АД „Илинден“.
Трајковски објаснува дека на овој проект се ангажирани околу четириесет нивни работницити кои интензивно ќе работат за да го запазат рокот за изградбата на пазарот кој истекува за десет месеци. Зелениот пазар на приземјето ќе биде со вкупна површина од 1233 метри квадратни, десет паркинг места во подземниот дел и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат. Проценетата вредност на административно деловно трговската зграда изнесува 203.059.346 денари или нешто повеќе од 3 милиони евра.
Влезот во пазарот ќе биде од булевар „Туристичка“, а влезот за подземниот паркинг ќе биде од страната на маркетот Кам. Пазарот ќе биде модерен затворен објект онаков како што е прикажано на сликата која веќе е поставена пред градилиштето, вели Трајковски.
Изградбата на затворениот пазар охриѓани ја очекуваат долго време. Еден ваков капитален проект беше дел од многу изборни кампањи и ветувања и најпосле започна неговата реализација.