Skip to main content

Турнир во шах за основните училишта

Во рамките на училишните спортски лиги  сојузот за училишен спорт  Охрид под  покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта во спортска сала од ОУ “Св.Климент Охридски “ –Охрид  во кој зедоа  учество  повеќе ученици во машка и женска конкуренција.

 |   | 

Во рамките на училишните спортски лиги  сојузот за училишен спорт  Охрид под  покровителство на локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта во спортска сала од ОУ “Св.Климент Охридски “ –Охрид  во кој зедоа  учество  повеќе ученици во машка и женска конкуренција.

Најдобри во машка конкуренција беа учениците : Иван Велкоски од ОУ„Св.Климент Охридски “  прво место ,второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство “ со  Никола и Михаил Николовски од ОУ„Григор Прличев “,третото место го делеа учениците Михаил Рувинов од ОУ„Св.Климент Охридски “ со Антонио Достиноски од ОУ„Живко Чинго“- Велгошти .

Забележителни резултати постигнаа и следните ученици : четвртото место го делеа учениците Стојан Велкоски  од  од ОУ „Братство Единство “ со Христијан Достиноски од ОУ„Живко Чинго“- Велгошти  ,петото место го делеа Стефан и Јулиан Матески  од ОУ„Григор Прличев “ со  Никола Целески   ОУ„Св.Климент Охридски “ и Јане Димов  од ОУ „Ванчо Николески“ –Лескоец , на шесто место беше ученикот Мартин Стојаноски од  ОУ„Св.Наум Охридски “-Пештани .Најдобри во женска конкуренција беа учениците : Снеже Змејкоска од  ОУ„Св.Климент Охридски “  прво место ,Марија Буџакоска од ОУ„Живко Чинго“- Велгошти  второ место ,Елена Бакреска  од ОУ „Ванчо Николески“ –Лескоец  трето место .Забележителни резултати постигнаа и следните ученици во женска конкуренција : четвртото место го делеа Теодора Ристеска од  ОУ„Св.Наум Охридски “-Пештани со Климентина Модева и Викторија Змејкоска од  ОУ„Св.Климент Охридски “ ,петото место го делеа Марија Маркулеска од ОУ„Живко Чинго“- Велгошти  со Христина Митреска од ОУ„Христо Узунов“,шесто место Емилија Лушеска од ОУ „Братство Единство “ и седмо место Јана Спасека  од ОУ „Ванчо Николески“ –Лескоец .Училишните спорски лиги продолжуваат наредната недела со натпревари во футсал за основни и средни училишта.