Skip to main content

Недела на солидарноста

Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 17-23 април, под мотото „Вашиот прилог-значајна помош”, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст организира хуманитарна собирна акција за  обезбедување храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, кои ќе бидат наменети за социјално загрозените, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебарца.

 |   | 

– Апелираме и ги повикуваме нашите сограѓани, фирми и институции да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата со донирање на материјални добра, во просториите на Црвен крст Охрид на улица „Димитар Влахов” 52, во сите денови на траењето на акцијата вклучувајќи и сабота и недела од 8 до 15 часот, како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид, велат од општинскиот Црвен крст.

Хуманите граѓани можат да даваат доброволни прилози и на мобилните тимови на Црвен крст Охрид составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст, кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот, како и да донираат парични средства на мобилните тимови, во рамки на акцијата „Од куќа до куќа“, во која волонтерските тимови ќе приложат плико и информативен флаер за вклученоста на граѓаните во акцијата според нивната желба и можности, Донирање на парични средства на жиро сметката на Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност”.