Skip to main content

„Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“

Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан преку ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.

 |   | 

На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а г. Ајман Ал малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој.

Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.

Досега, во рамки на проектот се спроведоа четири консултативни средби. Три од нив беа со засебни категории чинители – граѓани, граѓански организации и институции, а на последната консултативна средба беа поканети сите чинители заедно.