Skip to main content

Охрид и хотел Гарден влегоа во Гинисовата книга на рекорди со Шопската салата

 Охрид и хотел Гарден влегоа во Гинисовата книга на рекорди со Шопската салата.

 |  Валентина Неловска  | 

Во хотелот „Гарден“, се приготви Шопска салата која влезе во Гинисовата книга на рекорди. Комисијата од Гинисовата книга на рекорди потврди дека се подготвени 202,86 килограми Шопска салата. Оваа количина е доволна за Гинисовиот рекорд, одлучи Комисијата која внимателно го следеше целиот процес на подготовка. Од хотелот инфомираат дека сека се запзени сите стандарди. Сертификатот за Гинисовиот рекорд им беше врачен на општина Охрид и хотел Гарден. Идејата за организирање на овој настан е на Ина Жарова, лиценциран диструбутер на македонски производи во Русија.

„Ние ја промовираме Македонија во Русија, и се што е македонско, кујната, македонските производители и производи. Ние сме словенски браќа и се надеваме дека ќе се дружиме и понатаму и ќе соработуваме на сите можни полиња“, кажа Жарова.

Најпознатиот угостителски критичар во Русија Олег Назаров беше дел од настанот. При тоа кажа дека ова е прв обид со шопска салата да се влезе во Гинсовата книга на рекорди. Наведе некои слични обиди на организирање влез во Гинис од соседните земји, но со други видови салати.

„Грчката салата е позната на русикиот пазар со рекорди. Најголемиот рекорд беше лани во Москава, но за шопската салата не може да се каже. Во Бугарија во 2009 година беше подготвена грчка салата од 86 килограми“, кажува Назаров.

Бранко Николовски, професор по претриемништво на ФТУ, напоменува дека е потребно да се негува традицијата. Посочи зошто е добро да се подготвува Шопска салата иако таа не е специфична само за Македонија, туку и за Балканските земји.

Ваквите настани на кои се приготвува пример салата не дава слика само за производите кои се ставаат во салатата туку се гледа и подготвеноста на кадарот, квалитетот на професионалата подготвеност за да покажеме дека рамо до рамо може да се носиме со соседните земји во однос на подготовката и приемот на гостите“, подвлекува професорот.

Во подготвовката на Шопската салата за влез во Гинис учествуваа готвачите од хотелот Гарден како и познати јавни личности. Помеѓу нив беа претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска, советникот Климе Шешоски и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов.