Skip to main content

Маркоска: Со вложување на најдоброто од себе до светски резултати

Само со вложување на најдоброто од себе до светски резултати. Ова се зборовите на младата стрелачка со воздушна пушка Јана Маркоска, која викендов во Сандански, Бугарија го обели образот на Стрелачкиот Клуб Охрид, запишувајќи уште една во низата на победи и успеси на овој клуб.

 |  Николоска Биљана  | 

Младата стрелачка Јана Маркоска постигна нов личен рекорд, 404,7 круга, со воздушна пушка. Таа воедно ја понесе победата во Сандански, Бугарија, на меѓународниот натпревар на кој учествувале повеќе екипи од Македонија и Бугарија меѓу кои и охридскиот стрелачки клуб, со 4 јуниорки. Јана редовно тренира стрелаштво, околу 6 години, спорт кој го избрала од посебни причини кои ги сподели со нас.

„Спортов ме привлече бидејќи е многу смирен, треба голема концентрација, секако и мотивација пред се за да продолжиш да тренираш“ Би Сакала да се видам на светско на олимпијада, секако секој пред себе си има поставено такви цели

Амбициозната Јана, храбро застанува пред метата, без да и затрепери раката. Тоа го постигнува со нејзината голема желба на патот за да успее.

„Со тренерот Валентина Гоџо до секакви успеси се стремиме…таа го дава максимумот од себе да го извлечи најдоброто од нас, ни дава мотивација и се вложува во нас. Тренинзите воглавно се напорни имаме различни задачи да ги исполниме, доколку не се исполнат се повторуваат но тое е за подобрување на самиот резултат 

Од Стрелачкиот Клуб Охрид изразија голема благодарност до општина Охрид која им го обезбедила превозот до Бугарија, без чија помош не би можеле да го реализираат патувањето, а со тоа и претставувањето на градот.
Во моментов, охридските стрелци се подготвуваат за државното првенство кое ќе се одржи на 6 мај во Битола. После тоа следуваат подготовки за учество на светското првенство во стрелаштво кое е предвидено да се одржи во Шул, Германија.