Skip to main content

Охриѓани и стружани ги поддржуваат законските измени за децата со посебни потреби

Охриѓани и стружани ги поддржуваат законските измени за децата со посебни потреби .

 |  Валентина Неловска  | 

Охриѓани и стружани ја поддржаа граѓанската иницијатива за собирање потписи за поддршка на барањата на родителите за законски промени и дополнувања со кои на децата со посебни потреби ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.
Охриѓани утре и задутре ќе можат да го дадат својот потпис за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Од 10 до 18ч на градскиот плоштад во Охрид, пред св.Димитрија ќе биде поставен штанд со книгата за потписи, каде граѓаните ќе можат да ја дадат својата поддршка за законски промени и дополнувања со кои на децата со посебни потреби ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита. Оваа иницијатива во Охрид е во организација на Гордана Лолеска, волонтер во Здружението на граѓани со ретки болести Живот со предизвици. Реализацијата на оваа активност ќе биде со помош на волонтерите од Црвен крст Охрид и невладини организации.
И Порака Нова од Струга се приклучи кон Граѓанската иницијатива 5 до 12 за собирање потписи за поддршка на барањата на родителите на децата со посебни потреби. Оваа активност порака нова ја спроведува во соработка со Посебните Паралелки од ОУ Браќа Миладиновци – Струга, Здружението на глуви и наглуви лица и Сојузот на слепи лица од Струга. Книгата за потписи е отворена во Книжарницата Клио, а акцијата ќе трае до 28ми април.