Skip to main content

Летово нема паркирање автобуси во центарот на Охрид

Воспоставување стабилен сообраќаен режим во пресрет на претстојната туристичка сезона, беше темата на состанокот што денеска на иницијатива на СВР Охрид се одржа со претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и на туристичките агенции од Охрид.

 |   | 

Воспоставување стабилен сообраќаен режим во пресрет на претстојната туристичка сезона, беше темата на состанокот што денеска на иницијатива на СВР Охрид се одржа со претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и на туристичките агенции од Охрид.

На денешната координативна средба беа договорени интензивни и системските мерки што полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, ќе ги презема ова лето заради елиминирање на одредени проблемски состојби во сообраќајот, посебно евиднетни во текот на летната туристичка сезона.

Нема влегување на туристичките автобуси во централното градско подрачје а на дел од улицата „Партизанска“ на потегот од студентскиот дом „Кузман Шапкарев“ до „Комерцијална банка“ ќе биде одреден паркинг простор за привремен запирање на туристичките автобуси. Тој паркинг простор ќе биде наменски исклучиво за кратко застанување на туристичките автобуси и симнување на туристите. Дозволена и обврзувачка рута за туристичките автобуси е булеварот „Туристичка“ и улиците „Димитар Влахов“ „Кузман Јосифоски Питу“ и „Партизанска“ односно „15 корпус“, „Питу Гули“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифоски Питу“, „Партизанска“.

Ова е еден од главните заклучоци на кој се согласија сите присутни на координативната средба и искажаа надеж дека со прецизно одредената рута, ќе се стави ред при движењето на автобусите низ градот и ќе се елиминираат досегашните проблеми при нивното движење посебно во централното градско подрачје. Дозволени паркинг места за туристичките автобуси, по договор со Јавното претпријатие „Биљјанини извори“, останува просторот кај Градскиот полигон, на булеварот „Асном“ кај „Охридати“ и во непосредна близина на Јавното претпријатие „Водовод“ кај „Биљјанини извори“.

За овие заклучоци, Секторот за локален економски развој ќе треба до сите туристички агенции и туристички водичи да достави писмено известување а туристичките агенции ќе треба навремено да го известат СВР Охрид за предвидените планови за движење на туристите.