Skip to main content

Објавен конкурс за спасители на води

Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид распиШува конкурс за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води.

 |   | 

Црвен крст Охрид за потребите на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст Охрид распиШува конкурс за пријавување на кандидати за Курс за спасители на отворени води.

Обуката која Ќе ја водат национални инструктори за безбедност на вода, содржи теоретски и практичен дел, а Ќе се реализира во Охрид во периодот од 19-26 јуни 2017 г.

Заинтересираните кандидати треба да ги задоволуваат следните услови:

-да се на возраст не помлади од 18 години (да достават соодветен доказ-извод на родени, лична карта);
-да достават Потврда за здравствена способност за обавување спорт и спортски активности, не постара од 6 месеци, издадена од соодветен лекар или здравствена установа.

Конкурсот е отворен до 15 јуни 2017 година, а кандидатите можат да се пријават, лично, во просториите на Црвен крст Охрид секој работен ден од 8-16 ч., електронски преку фан страната на Црвен крст Охрид или на телефоните 046 261-909, 046 262-706, 070 315-309.