Skip to main content

Годишна средба на ИПА 2 Механизмот за граѓански организации

160 учесници од над 200 граѓански организации од земјава се дел од годишната средбан на ИПА 2 механизмот. Тие два дека во хотел Метропол Охрид дискутираат за клучните приоритети во програмирањето на европските фондови во 8 поединечни сектори во нашата земја.

 |  Николоска Биљана  | 

Трета годишна средба на ИПА 2 механизмот на граѓански организации. На оваа средба граѓанските организации два дена ќе дискутираат и ќе бараат решенија за секторските предизвици, но и ќе споделат добри практики, идеи за секторска комуникација и вмрежување. Ана Чоловиќ Лешоска од Еко свест, информира дека иницијативата е започната во 2012 со 9 граѓански организации за да денес после 5 години во неа се вклучени над 200 организации.

„Сметаме дека се она како заклучоци кои ќе произлезат од оваа средба ќе бидат корисни не само за граѓанскиот сектор и за делегацијата на ЕУ во Македонија туку и за новата Влада на РМ. Бидејќи станува збор за една од најголемите мрежи во земјава, како заеднички напор е навистина значајно овие организации да излезат со заеднички заклучоци свои препораки кои понатаму ќе бидат применети од институциите“

Проектот е конзорциум на Центарот за европски стратегии ЕВРОТИНК, Центарот за истражување и информирање за животната средна Еко-свест, Реактор – истражување во акција и Асоцијација за развојни иницијативи – Зенит, вели проект менаџерот Александар Колеќески од ЕВРОТИНК. Тој додава дека проектот е организиран да ја поттикне секторската работа во 8 те сектори, демократија и владеење, судство и темелни права, животна средина, транспорт, конкурентност, иновации, образование, вработување и социјални политики земјоделство и рурален развој регионална и прекугранична соработка

„Целата соработка која што се одвива во ИПА механизмот е организирана во 8 те сектори на начин што се согледуваат програмските документи на ЕУ и начините на кои што се спроведуваат проектите и активностите имплементирани од страна на различните чинители во текот на користењето на средствата од ИПА 2, инаку ова што ние го правиме се однесува на периодот 2014 – 2020 год, период за претпристапна помош ИПА 2“

Во рамките на проектот досега е поминат процесот на регрантирање, беа доделувани средства на граѓански организации за активности поврзани со секторската соработка, вели Колеќески. Додава дека годинава значително бил зголемен пристапот до програмирањето на документите кои што ги обавува делегацијата на ЕУ и Владата на РМ и се надеваме дека како што се зголемува бројот на организациите така ќе се зголемува интензитетот на соработка, а особено и квалитетот на искористеноста на европските средства од ИПА 2.