Skip to main content

Наскоро докторски студии на УИНТ „Св. Апостол Павле“

Контиунуиран раст на бројот на запишани студенти на на универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.

 |   | 

Контиунуиран раст на бројот на запишани студенти на на универзитетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“. Сите студии на универзитетотсе одвиваат на англиски јазик, што подоцна ги прави конкурентни на светскиот пазар на труд посебно во сферата на информатичките технологии. Годинава за прв пат во историјата ќе се воведе и програма за докторски студии коишто ќе го зголеми квалитетот на обрзовните и научно истражувачките активности на универзитетот, истакна Ректорот Нинослав Марина.

„Не само да работат за странски компании, туку да работат од дома за странски компании, многу присутно во информатичките технологии. Ние им пренесуваме вештини и знаења на студентите од професори од целиот свет и бројот на запишани студенти расте секоја година, имаме константен раст. Рангирани сме на трето место во Македонија на престижната шангајска листа. Од година во година тоа влијае на интересот и на домашните и на странските студенти. Деновиве треба да поднесеме реакредитација на постоечките студиски програми како и предлог на нови програми за втор циклус магистерски студии и за прв пат во историјата програма за докторски студии коишто ќе го зголеми квалитетот на обрзовните и научно истражувачките активности на универзитетот“, истакна Нинослав Марина – ректор УИНТ „Св.Апостол Павле“.