Skip to main content

Лактив Туризам за продолжување на летната сезона

Секторот за туризам при општина Охрид во соработка со Факултетот за туризам и угостителство се вклучија во реализација на европскиот проект Лактив Туризам. Во овој вклучени се 5 земји, Италија, Словенија, Шпанија и Ирска. Сите овие земји се соочуваат со ист проблем во туризмот, сезоналноста.

 |  Николоска Биљана  | 

Продолжување на туристичката сезона со креирање на нови туристички производи. Целна група на програмата која заеднички ја имплементира Секторот за туризам при општина Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, се сениорите. Нашата земја заедно со европските партнери, членки на мрежата со езера, Словенија, Италија, Шпанија и Ирска, детектирале заеднички проблем, кратка сезона или сезоналноста. Со цел да го надминат проблемот петте земји се вклучија во реализација на партнерскиот проект Лактив туризам, чија што основна цел е продолжување на летната сезона.
Задача на ФТУ е да спроведе истражување за личниот избор и потребите на сениорите кои што го посетуваат Охрид како дестинација да ги евидентира нивните желби, потреби и врз основа на таквата анализа да изработи туристички производи кои ќе одговараат на оваа таргет група на туристи, вели деканот на факултетот Цветко Андреески.

„Тоа не е едноставно, гледајќи ги нивните преференци, најголемиот дел од нив околу 70 % го преферираат летото како период кој што сакаат да посетуваат одредена туристичка дестинација. Значајно помал дел од нив ја избираат есента или пролетта како период за посета на Охрид и минорен број ја избрале зимата или одредени празници кога се организираат одреден и настани или случувања

Целта преку реализација на проектот Лактив Туризам е да ги поттикнеме патувањата на сениорите пред или после сезона, вели Антонио Балески, од Секторот за туризам при општина Охрид.

„Првите ефекти од овој проект се веќе остварени со доаѓањетео на група сениори од Италија и на проектните партнери во Охрид во рамките на пилот тестот, активност која се одржа во Охрид во период од 4 ти до 8 ми мај. Групата која престојуваше во Охрид имаа можност да ги доживеат нашиот град во целиот негов сјај

Еден од носителите на проектот е Т.А. Вис Пој. Јаким Маленко смета дека добро е што нашата земја се вклучила во еден ваков проект, кој навистина може да ја подобри сликата со гости пред и после сезона, имајќи го во предвид добриот почеток.

„Можам слободно да кажам дека програмата помина во најдобар ред, гостите беа презадоволни за минаа со многу убави впечатоци, дури добивме информација од нашите партнери дека доколку имале слободни места во авионот би наполнале уште еден автобус. Така што може да очекуваме дека проектот ќе вроди со плод и можеме да очекуваме гости од сите градови кои што се вклученио во овој проект“

Најголема атракција за туристите за нашата дестинација е културното наследство и покрај тоа што дел од туристичките експерти првично сметале дека тоа ќе биде Охридското Езеро. Второто место е природното наследство, додека пак на трето место биле гастрономските настани, дегустации на храната од нашето поднебје.