Skip to main content

Охридскиот аероклуб продолжува да ниже успеси

Охридскиот аероклуб продолжува да нижe успеси.

 |  Валентина Неловска  | 

Аероклубот Охрид и таму неприкосновен во остварување резултати во овој спорт. Викендов, на државно натпреварување во класата модели со гума F1B првите три места ги освоија членовите од охридскиот аероклуб. Првото место го освои Аљоша Атанасов, второто Климент Масин, а третото му припадна на Александар Цветаноски. Петар Цветаноски во клaсата F1H едрилици јуниор се избори за второто место, напоменува Митко Цветаноски тренер на Аероклубот Охрид.

„Во силна конкуренција на 10 клубови Аероклубот Охрид ја продолжува традицијата кога некогаш беше најсилен клуб и секогаш освојуваше едно од трите места ама сега првите 3 места им припаднаа на охриѓани. Целата репрезентација на модели на гума F1B е од Аероклубот Охрид, а истата и лани учествуваше на Европското првенство во Зрењанин“, подвлекува тренерот Цветаноски.

На членовите од клубот им престои европското првенство кое треба да се одржи на 6 јули во Унгарија. За да отпатуваат на европскиот натрперва им се потребни финансиски средства,  вели Цветаноски. Тренерот е огорчен затоа што и покрај врвните резулатати што ги постигнуваат моделарите  со години наназад не добиваат финансиска поддршка ни од државата ни од градот.Тој го наведува примерот од минатата година кога Александар Колов го освоил третот место со дрон меѓу 50 натпреварувачи. Две години по ред до општината поднесуваме Елаборат за спортските активности, но од таму доаѓа само игнорирање“, вели Цветаноски.

„ Секој град би сакал да има вакви спортисти и не можам да разберам зошто Охрид и општината не најдоа модус да го финансираат аероклубот. Морав да ја одбијам кандидатурата од светската федерација која ни беше понудена за дрон во Охрид да се одражи престижен натпревар. Не бев искрен и ги одбив дека немаме технички услови да се одржи натпревар за дрон“, напоменува Цветаноски.

Аероклубот Охрид брои 7 членови кои се оставени сами на себе, зад нив не стои никој. Членовите немаат простории за работа, моделарница ни спортски аеродром и авиони, но имаат љубов кон овој технички спорт. Сами се финансираат и ги градат скапите модели се со цел да не згасне Аероклубот кој има долга традиција во Охрид.