Skip to main content

Охридската цреша стана заштитен бренд

Охридската цреша стана заштитен бренд.

 |  Валентина Неловска  | 

Во светскиот регистар со географско потекло од РМ се запишаа две сорти охридска цреша. Охридските црешни „црна“ и „долгашишка“ станаа заштитен бренд. Напорите на задругата „Охридска черешна“ и Институтот за земјоделие од Скопје по една година резултираа со признавање на географско потекло на овие две сорти овошје. Црешите не само што се наши туку се и најквалитетни сорти во светот, информира Ванчо Стојаноски претседател на задругата.

„ Сеуште нашите одгледувачи на цреши не се свесни за ова. Охридскиот регион е влезен во светскиот регистар како препознатлив по црешата. Квалитетот на овие 2 сорти ќе е бенефит за охридскиот регион, но и за РМ. Од овошните сорти овие се прв таков случај“, вели Стојаноски.

Збрането е и не е дозволено изнесување на овие две сорти црешови калеми и садници во странство. Во охридскиот регион кој има исклучително поволни климатски услови за одгледување на ова овошје во последните 7 до 8 години насадите со цреши се зголемиле за 10 пати. Овоштарите треба да бидат трпеливи и да настапуваат организирано преку задруга за во иднина да профитираат од својот труд, порачува Стојаноски. Станува збор за помали расцепкани површини, а интерес за одгледување на цреша има и тоа посебно кај помладите овоштари, напоменува Стојаноски. Добивањето на сертификатот за географско потекло на црешата ќе значи и полесен пласман на светскиот пазар, посочува овоштарот.


„ Кога се извезува производ со микрогеографско потекло апсолутно може да се продаде по повисока цена, котира со повисока цена кај крајниот потрошувач. И во случај да не се постигне повисока цена ќе нема проблем за пласман на црешата“, вели Стојаноски.

Во моментов на рускиот пазар е најбарана охридската цреша „долгошишка“. Но, за жал, пролетните мразеви во охридско направија огромни штети на годинешниот род на црешата кој ќе се одрази на понудата и извозот на цреша .