Skip to main content

„Спортот и семејните вредности“

Родителите и децата заеднички вклучени во извршувањето на спортските задачи кои им беа зададени од спортските работници кои го осмислиле проектот „Спортот и семејните вредности“. Денес во Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг кој ги воодушеви присутните.

 |  Јаковлева Лионела  | 

„Спортот и семејните вредности“. Под ова мото во спортската сала од Основното училиште „Григор Прличев“ во организација на Агенцијата за спорт и млади, Сојузот на спортските федерации на Македонија и Општина Охрид се одржа спортски хепенинг на кој учествуваа основци од речиси сите училишта во градов и нивните родители. Тие низ игра ги одгатнуваа спортските задачи кои беа навистина интертесни и предизвика воодушевување и кај учесниците и кај публиката.

На присутните им се обрати поранешниот Европски првак во карате, Наташа Илиевска Јордановска која рече дека задоволството е големо да се види колку децата го сакаат спортот и ваквите активности, но и декаактивнио партиципиенти во тоа се секако и родителите.

Целта на овој проект е да се промовира спортот во училиштето, меѓу дечињата и најважното меѓу родители кои треба да се најголема нивна поддршка. Родителите треба да ги препознаат вистинските предности од бавење со некаква спортска активност за да можат ад ги стимулираат своите деца и тие да го прават истото, вели Илиевска Јордановска.

Одржувањето на спортскиот хепенинг од ваков вид започнал пред две години, а Охрид е деветти град во кој се одржува. Ваквите настани продолжуваат и понатаму па планирано е да се одржат уште трихепенинзи се со цел спортот и спортските активности да станат составен дел од животот на најмладите, но и на нивните родители.