Skip to main content

Градоначалниците на Охрид и Волонгонг остварија работна средба

Градоначалниците на Охрид и Волонгонг остварија работна средба.

 |  Валентина Неловска  | 

Гордон Бредбери градоначалник на Волонгонг, Австралија, ја посети општина Охрид. Никола Бакрачески оствари работна средба со градоначалникот од збратимениот град во ова прекуокеанска земја. Волонгонг е град каде што живеат голем број иселеници од Македонија. Охридскиот градоначалник и претставниците од одделението за Тлер ги претставија потенцијалите на охридското крајбрежје за австралиските туристи , а посетата е со цел продлабочување на меѓусебните врски.

„За можно унапредување на соработката и јакнењето на врските на Охрид и нашите иселеници од Волонгонг. И евентуалната можност за економска соработка претставени преку нашите потенцијали и она што Охрид го нуди за странските инвеститори и унапредување на соработка со нашата дијаспора . Имавме одлични можности за остварување на подобра комуникација на нашите збратимени градови како што е Волонгонг“, кажа Никола Бакрачески.

Во Волонгонг има голем број на емигранти кои се иселиле од овој дел на светот, рече Бредбери. Охрид е прекрасен град и австралијците, покрај оние граѓани со македонско потекло, ќе ја добијат мојата препорака за посета на Охрид.

„Како градоначалник кој бил тука, на социјалните мрежи кога ќе се вратам во Австралија луѓето повеќе ќе дознаат за Охрид како туристичка дестинација. Охрид е единствен по својата природа, култура, историја, езерото, храната, религиските храмови кои ќе им се допаднат на австралијаните“, рече Бредбери.

Охрид и Волонгонг се збратимени градови скоро две децении. Волонгонг е крајбрежен град во Нов Јужен Велс, јужно од Сиднеј, со 300 илјади жители и голема и активна заедница на македонски иселеници.