Skip to main content

Брендот Лорис стигна и во Охрид

Брендот Лорис стигна и во Охрид. Околу 450 копии на оригиналните парфеми, спакувани во идентично шише можат да се купат сега и кај нас. Парфимеријата официјално работи од денес и по тој повод сите заинтересирани можат да ја посетат и бесплатно да го испробаат својот омилен парфем.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Нова парфимерија во градов. Брендот Лорис стигна и во Охрид. Околу 450 копии на оригиналните парфеми, спакувани во идентично шише можат да се купат сега и кај нас. Не се работи за фалсификати туку парфемите се производ на турска компанија, маслата се идентични како кај оригиналите и имаат трајност од 6 до 8 часа, многу повеќе и од оригиналните парфеми, објаснува сопственикот на парфимеријата, Јосиф Ќурчиески. Има парфеми од речиси сите познати брендови, машки и женски како и спрејови за тело, гелови за туширање, ролони. Ваква парфимерија е отворена во Скопје и многу добро работи, а сега менаџерскиот тим го избрал Охрид за ширење на својот бизнис.

Се одлучивме за Охрид бидејќи летово ќе дојдат многу туристи. Цените се овде многу поприкладни од кај нив бидејќи одиме со пониска маржа. На пример во Холандија истиот парфем се продава за 13 евра а тука е 440ден. СЕ работи за доста добра понуда и се надеваме дека ќе ги фатиме туристите што ќе дојдат од Холандија, вели Ќурчиески.

Парфимеријата ќе биде отворена секој ден до 23.30 часот во летниов период, а од наесен ќе се воведе поинакво работно време. Таа се наоѓа во ТЦ „Амам“ на приземје. Јосифоски вели дека иако кај охриѓани има мислење дека овој трговски центар не е добра локација за бизнис тие сметаат дека може и тоа многу добро да функционира.

Не привлече што е првиот дуќан во амамот и се наоѓаме многу блиску до чаршијата. Местоположбата е добра, шеталиштето е на неколлу метри и мислам дека имаме добра локација за сезонава што престои, вели Ќурчиески.

Парфимеријата официјално работи од денес и по тој повод сите заинтересирани можат да ја посетат и бесплатно да го испробаат својот омилен парфем. Инаку парфемите се со грамажаод 500 милилитри по цена од 590ден. Во наредниов период ќе има и акции па два купени чинат 1000ден. или ако се купат три по цена од 590 ден., еден е гратис