Skip to main content

Започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити во Охрид

Од неоадмна започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити на целата територија на Општина Охрид.

 |   | 

Од неоадмна започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци и реквизити на целата територија на Општина Охрид. Од Секторот за комунални дејности апелираат до несовесните поединци да запрат со ваквото однесување бидејќи сите овие градежни активности дополнително го оптоваруваат Буџетот на Општина Охрид.

Уништени сообраќајни знаци, информативни табли, спортски реквизити, се слика која најмалку му е потребна на нашиов град во веќе започнатата туристичка сезона. Продолжува уништувањето на јавните добра низ нашиов град, а општината се труди во рамките на своите надлежности и можности да ги санира штетите. За таа цел од неодамна, според Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици , а во склоп на Договорот за работа со ЈП „ Градски пазар“ ,по налог на Одделението за сообраќај, започна санација и замена на целосно и делумно уништените сообраќајни знаци на целата територија на Општина Охрид.

„Оваа проблематика настанува како резултат на постапки на несовесни граѓани, коишто ги уништуваат јавните добра, па токму поради тоа Општина Охрид склучи годишен договор со ЈП „Градски пазар“, се со цел овие новонастанати проблеми да се решаваат ефикасно и што е можно побрзо“ објасни Љупчо Танески портпарол на фондот за комунални дејности сообраќај и улици.

Изминатиов период, стручните служби на Одделението за сообраќај извршија целосно детектирање на направените штети од страна на несовесните граѓани и по однапред утврдена програма и динамика на работа, техничко – оперативните екипи на ЈП „Градски пазар“ ќе извршат замена на уништените сообраќајни знаци и реквизити.

„Во рамките на овој договор ќе бидат заменити оштетени и уништени сообраќајни знаци, патокази, определени спортски реквизити кои се наоѓаат на општествените површини на територија на општината. предвидена е определена динамика според која ќе се изведуваат градежните активности и можам да кажам дека засега како сектор кој го дава налогот за работа сме задоволни од интензитиетот и динамиката на работа на ова јавно претпријатие“ додаде Љупчо Танески портпарол на фондот за комунални дејности сообраќај и улици.

Од Секторот за комунални дејности апелираат до несовесните поединци да запрат со ваквото однесување бидејќи сите овие градежни активности дополнително го оптоваруваат Буџетот на Општина Охрид.