Skip to main content

Охриѓани бараат, но не секогаш добиваат фискални сметки

Тие речиси едногласни, не секогаш и не секаде добиваат сметки, но некои од нив признаваат дека и ја изгубиле навиката да бараат фискални сметки.

 |   | 

Како купувачи на добра, односно корисници на услуги треба уредно да бараме фискална сметка во моментот на предавање и плаќање на доброто, односно на извршување и плаќање на услугата. Фискалната сметка претставува потврда дека сме купиле, односно дека сме ја платиле цената на соодветното добро, односно користената услуга од соодветниот деловен објект, на датумот кој е отпечатен на сметката.

Според првичните анализи на податоците од он-лајн системот за следење на готовинскиот промет на УЈП, констатирано е дека голем број на фирми, особено во угостителството, не го регистрираат прометот во целост, а постојано пристигнуваат и пријави за издавање на сметки кои не се фискални. Охрѓани речиси едногласни, не секогаш и не секаде добиваат сметки, речиси сите уредно бараат да им биде издадена фискална сметка, но некои од нив и признаваат дека ја изгубиле навиката да бараат фискални сметки.

УЈП најавува засилен мониторинг на готовинскиот промет и присуство на терен во делот на фискализацијата, поради што апелираат даночните обврзници да ги исполнуваат законските обврски, со цел избегнување на казни.Големи се казните за неиздавање на фискална сметка.

Во случај на неиздавање фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга, на самото место на даночниот обврзник ќе му се изрече глоба во висина од 50% од:

1.000 € во денарска противвредност на правното лице;
500 € во денарска противвредност на одговорното лице кај правното лице и
200 € во денарска противвредност на физичко лице.

И во двата случаи, на непоседување на фискален апарат или неиздавање на фискална сметка, ако даночниот обврзник не ја плати глобата во рок од осум дена, УЈП поднесува барање за поведување на прекршочна постапка, при што ќе му се изрече глоба во висина од 4.000€ до 5.000€ во денарска противвредност.

Доколку во повторна контрола, УЈП констатира дека даночниот обврзник повторно не користи фискална апаратура, односно не издава фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга, се изрекува забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) во траење од:

30 дена за даночен обврзник – правно лице и
15 дена за даночен обврзник – физичко лице

Од УЈП потенцираат дека употребата на опрема од неовластени производители кои ги немаат функционалностите и карактеристиките на фискален систем на опрема (фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување – ГПРС), е спротивно и казниво со Закон.