Skip to main content

Несигурните работни места се сериозен проблем во нашата земја

Несигурните работни места се сериозен проблем во нашата земја. За жал овој проблем сеуште е во пораст, и не е надминат забележуваат од Унијата на независни автономни синдикати на Македонија. Причината ја гледаат во немањето синдикални здруженија посебно во приватниот сектор.

 |  Николоска Биљана  | 

Самовработувањето и несигуренoста на работните места како појава константно е во пораст. На оваа тема Унијата на Независни автономни синдикати на Македонија од 21 до 24 јуни во Струга одржува семинар. Потпретседателката на синдикатот Дивна Змејкоска вели дека ваквите семинари се одржуваат почесто а целта била јакнење на капацитетите на синдикатите и синдикалните лидери, на тема правата од работните односи.

„Суштината на ова е што синдикатите прават и ќе прават во иднина за подобрување на работата на работниците и заштита на нивните права. Дискутираат и учесници се синдикаци од Македонија како и претставници од синдикатите од Албанија, Косово, Бугарија, Србија, Црна Гора, значи целиот регионот“.

Претседателот на УНАСМ Слободан Антовски истакна дека невработеноста, несигурните работни места не ги оптоварува само работниците туку и нормалните синдикати во Македонија.

„Јавна тајна е дека има сериозен проблем околу несигурните работни места, околу узурпацијата на работниците посебно во јавниот сектор каде што апсолутно не владеат права и норми, дури и не е ново дека таму нема синдикално покривање на работниците, сопствениците дали се тоа наши или од надвор не дозволуваат синдикатот да влезе во тие претпријатија“.

Слична е и состојбата во Црна Гора. Таму пак секој трет граѓанин е во сивата зона на економијата, односно над 35 000 граѓани работат на црно, вели Славица Јалковиќ , од канцеларијата за работа со граѓанските синдикати. Таа истакна дека проблемите од типот, високата стапка на невработеност, мал број на отворање на нови работни места, нерамномерен регионален развој, мал број на домашна работна сила во сезонската работа, исто така голем број на вработени кои работат на црно, ја тиштат и оваа земја, но во моментов работат на усогласување на законите од оваа сфера за побрз влез во евро интеграциите.

„Моментално актуелно, во Црна Гора е донесување на нов закон за работа, кој по мислење на синдикатот ќе биде доста рестриктивен. Значи со тој закон работодавачите и Владата се обидуваат да ја укинат дисциплинската постапка, агенциите за посредување во запослувањето, изминат труд, колку синдикатите ќе имаат сила да се спротистават допрва ќе видиме

Претставникот на синдикалните организации од соседна Албанија, Гзим Калаја, вели дека соработката со УНАСМ е на завидно ниво таа трае и се продлабочува. Според него сите синдикати во било која земја имаат една цел, да го заштитат работникот.

„Затоа синдикатите во овие времиња кога постои криза не само кај нас туку и во светот, ние се обидуваме да им помогнеме на работниците во реализирање на нивните права. Претпоставувам нема да кажам нешто ново проблемите што постојат во Албанија се истоветни со проблемите на вработените или пак и на синдикатите во земјите од регионот. Една од главните задачи на синдикатите е солидарноста меѓу себе

Од УНАСМ очекуваат дека конечно работите во заштита на работничките права иако е тешко ќе тргнат во позитивна насока бидејќи утре имале средба во министерството за финансии на покана од ресорниот министер.