Skip to main content

Движењето и паркирањето на туристичките автобуси во градов сеуште голем сообраќаен проблем

За време на продолжениот празничен викенд, туристичките автобуси можеа да бидат видени како се паркираат долж бил.„Туристичка“ на автобуските постојки за меѓуградски превоз.

 |   | 

Паркирани туристички автобуси на булевар Туристичка , пред Охридска банка, кај зградата Печијаре, а не ретко се до гимназијата е слика која се повторува секое лето. Ваквата појава создава сообраќаеен метеж посебно кај кружниот ток кај Охридска Банка.

Неодамна на иницијатива на СВР Охрид се одржа координативна средба со претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и на туристичките агенции од Охрид. Беа договорени интензивни мерки кои полициската станица за безбедност во сообраќајот ќе ги презема ова лето заради елиминирање на одредени проблеми во сообраќајот, посебно евидентни во текот на туристичката сезона.

Со одредување на прецизно определена рута и паркинг места каде на кратко ќе може да засатануваат туристичките автобуси, се очекува да се стави ред при движењето на туристичките автобуси низ градот и да се елиминираат досегашните проблеми при нивното движење посебно во централното градско подрачје. Но ситуацијата и покрај заложбите на СВР не е многу променета. За време на продолжениот празничен викенд, се повотори истата слика. Туристичките автобуси можеа да бидат видени како се паркираат долж бил.„Туристичка“ на автобуските постојки за меѓуградски превоз.

Еден од главните заклучоци донесени на координативна средба е дека со определување на посебен паркинг простор за овие возила ќе се воведе некаков ред. За воља на вистината некои возачи на автобуси и туристички агенции ги почитуваат правилата. Можеа да се видат паркирани автобуси на паркинг просторите определени за нив и тоа просторот кај градскиот полигон, на Булеварот „АСНОМ“, кај Охридати и во непосредна близина на ЈП „Водовод“ кај Биљанини извори.

На дел од ул.„Партизанска“ на потегот од студентскиот дом „Кузман Шапкарев“ до „Комерцијална банка“ ќе биде одреден паркинг простор за привремено запирање на туристичките автобуси и симнување на туристите. Исто така определена е и обврзувачка рута за истите низ некои од уливците од централното градско подрачје.

Од ОСБС пак со апел, во услови кога во Охрид бележиме зголемената фреквенција на сообраќај, посебно во централното градско подрачје, потребно е дисциплинирано управување на патничките и други моторни возила, почитување на пропишаната брзина на движење, исклучиво користење безбедносни појаси, некористење на мобилните телефонони во тек на управување со моторно возило или велосипед а посебно да не се седнува зад воланот под дејство на алкохол или наркотични средства. Неопходно е користење на пешачките и велосипедски патеки и внимателност за личната но и за безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.