Skip to main content

Течат уписите за прва година во охридските средните училишта

Течат уписите за прва година во охридските средните училишта.

 |  Валентина Неловска  | 

Започнаа уписите во прва година во четирите охридски средни и стручни училишта за учебната 2017/2018 година.
Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ во прва година според објавениот конкурс може да се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик со минимум 60 поени. Ѕвонко Трпески , директор на гимназијата задоволен од интересот на завршените деветоодделенци да бидат дел од нивното училиште.


„ Денешниот интерес покажа дека учениците се запишуваат за продолжување на своето понатамошно образование. Во првиот уписен ден беа пријавени над 170 ученици“, напоменува Трпески.

И во ОУТУ „Ванчо Питошески“ од првиот уписен ден се задоволни од пријавените ученици кои покажале интерес да изучуваат некоја од двете струки во ова регионално угостителско училиште. Така има пријавени ученици од Охрид, но и до други градови како што се Прилеп, Оризари, Облешево, Битола, Кичево, Струга, Дебар. Во прва година во учебната 2017 /2018 ќе се запишат 306 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик во две струки. 238 ученици во струката угостителско-туристички техничар и хемиско технолошки кои од годинава се со две нови занимања пекар и месар, информира Перо Божиновски зам диреклтор на Ванчо Питошески.


„Засега е поголем одзивот за угостителско техничката струка , но има ученици и за хемиско технолошката струка. Најмногу го избираат 4 годишното образование поточно профилите хотелско -угостителски, угостителски техничар, а од годинава и техничар за рурален развој“, инфомира Божиновски.

Во СОСУ „Св.Кирил и Методиј“ во прва година ќе се запишат 170 ученици во 5 паралелки со настава на македонски јазик. Според наставните планови и програми за: Економско-правна и трговска струка има квота од 136 ученици, а во Здравствена струка-34 ученици. Директорката Славица Костовска инфромира дека во првиот уписен ден имаат двојно повеќе пријавени кандидати од предвидената квота за медицинската струка.

Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во прва година ќе се запишат 442 ученици во 13 паралелки. Од нив 374 ученици во 11 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик.
Утре продолжуваат уписите, а вториот уписен рок за средните училишта ќе биде на 4 јули. Полуматурантите кои нема да се запишат во овие два рока ќе имаат трета можност на 24 август.