Skip to main content

Жолтиот локвањ го има на сосема мала површина на Мазија

Жолтиот локвањ го има на сосема мала површина на Мазија.

 |  Валентина Неловска  | 

Само два цвета од Жолтиот локвањ процветаа на мала крајбрежна површина на Мазија. Опстанокот на жолтиот локвањ на овој локалитет и понатака е загрозен од растителниот отпад во езерските води.
Лимнологот д-р Марина Талевска напоменува дека жолтиот локвањ на Мазија се гуши во растителен отпад, тиња и трска кој се причина за негова стагнација на ширењето. За целосно да не се уништи потребна е чиста средина и поволни услови во кој опстојува.

Овој воден цвет кој некогаш го имало во изобилство и ширел пријатен мирис на овој потег , во минатите година заради неповолни антропогени влијанија потполно исчезнал. Пред повеќе од една деценија со проект на лимнолозите беше вратен во некогашното живеалиште. За таа цел локалитетот кај Мазија се исчисти од сите видови на отпадоци и локвањот беше донесен од Калишта. За да не дојде до негово повторно уништување лимнолозите повикува надлежните да водат поголема грижа.

Лисјата на локвањот почнуваат да се појавуваат во месец април, а цветаат од мај до октомври во зависност од временските услови.
Засега локвањот вирее во сосема мали траги на потегот кај Мазија и кај струшкиот потег во близина на Калишта. Во охридското блато ова растение е во опасност од исчезнување и скоро и да го нема, напоменува лимнологот д-р Марина Талевска.