Skip to main content

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид поднесоа амандмани на ребалансот на буџетот за субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите

Додека градот е полн со странски туристи, домашните туристи заминуваат, поради зачестените земјотреси и паниката која со тоа се шири, исткануваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

 |   | 

Додека градот е полн со странски туристи, домашните туристи заминуваат, поради зачестените земјотреси и паниката која со тоа се шири, исткануваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Нивните проценки велат дека бројот на домашни туристи е значително опаднат, дека повеќе од 80% резервации се откажани, а останати се само субвенционираните туристи со мерките на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Додека станоиздавачите и хотелиерите се соочуваат со егзистенцијални проблеми, владата на СДС молчи, иако има обврска да се грижи за граѓаните, обвинува претсетдателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Љубен Арнаудов.

„Затоа ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид поднесовме амандмани на ребалансот на буџетот со кои се предвидува субвенционирање на штетите од земјотресите и субвенционирање на станоиздавачите кои на свој грб го чувствуваат недостигот од домашни гости поради зачестените земјотреси кои го зафатија нашиот град“ вели Љубен Арнаудов – претседател на ОК на ВМРО ДПНЕ- Охрид.

Арнаудов објаснува, дека во Охрид има вкупно 17.000 легла, од кои 13.500 на станоиздавачи и 3.500 се хотелски. Па така субвенцијата во просек би требало да изнесува 37.500 денари по кревет или се вкупно околу 10 милиони евра, бројка која би требало да биде исплатена само за директни штети, додека треба да се пресметаат и индиректните штети како за бродарите, угостителските објекти итн, додава Арнаудов.

„Најголема штета од земјотресите имаат станоиздавачите кои повеќето имаат земено и кредити, пари со кои инвестирале во своите објекти и се надевале дека ќе можат да ги вратат преку добивката остварена во текот на сезоната, но и да заработат нешто како би ја обезбедиле својата егзистенција“ потенцира Љубен Арнаудов – претседател на ОК на ВМРО ДПНЕ- Охрид.

Арнаудов со обвинување до СДСМ дека наместо да одвојува огромни суми на пари за набавка на храна и за вработување на своите партиски послушници и соросови активисти треба да покаже доблест и да го поддржи предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде нормална сатисфакција за станоиздавачите и хотелиерите во нашиот град.