Skip to main content

Фолклористите од „Ансамблот Отекс“ од Охрид заминаа на меѓународен фолклорен фестивал во Италија

Фолклористите од „Ансамблот Отекс“ од Охрид заминаа на  меѓународниот фолклорен фестивал во Италија кој се одржува во областа Варезе.

 |   | 

„Ансамблот Отекс“ од Охрид, фолклорното друштво со 35 годишна традиција со ќе учествува на меѓународниот фолклорен фестивал во Италија во областа Варезе, кој важи за еден од најдобро организираните фестивали во Италија. На овој реномиран фестивал ќе учествуваат и уште неколку ансамбли од светот. Охридските играорци на фестивалот ќе настапат со повеќе ора и песни од различни делови на нашата земја.

Досега играорците од КУД Отекс патувале на многу турнеи во Америка, Португалија, Шпанија, Холандија, Германија, Данска, Србија, Бугарија. Велат дека сеуште има интерес кај младите за запишување во културно-уметнички друштва, но и дека интересот за жал е опаднат.
Се надеваат дека многу повеќе млади ќе се запишуваат во друштвата за изучување на македонскиот фолклор.