Skip to main content

Претстава за византиската принцеза „ Ана Комнена“ ќе се игра во предворјето на Св. Софијa

Претстава за византиската принцеза „ Ана Комнена“ ќе се  игра  во предворјето на Св. Софија. Станува збор за истриска приказна која иако тематски датира од 11 век  обединува универзални  теми актуелни и денес.  Драматуршката обработка на претставата „Ана Комнена“ е на охридскиот писател  Сашо Димоски, а во режија на Ненад Витанов и Васил Зафирчев. 

 |  Валентина Неловска  | 

Театарот „ Јордан Х.К – Џинот“ од Велес вечерва, во рамките на фестивалот „Охридско лето“ за љубителите на театарската уметност ќе донесе уште едно незаборавно доживување, истакна драмскиот селектор Зоран Љутков .

„Визуелен, драмски, ликовен, музички спектакл. Сигурен сум дека таа претстава ќе има и поголем уметнички квалитет и од матичната куќа, гледајќи ја синоќа генералната проба“, истакна селекторот.

„Ана Комнена“ е претстава на истоимениот драмски текст на охриѓанецот Сашо Димоски. Претставата ја донесува личната драма на византиската принцеза Ана Комнена која иако легитимен престолонаследник, не успева да застане на чело на империјата само затоа што е жена. Ана Комнена не е историска драма ниту драма на историјата, туку современ драмски прочит кој го преиспитува историскиот контекст и феноменот на власта, ќе рече авторот на текстот.


„ Ана Комнена една приказна која обединува универзална тема иако е историски сместено во 11 век е актуелна и денес. Испитува сериозни концепти на кој почива светото вокој сег аживееме. Концептот на светото и власта, теми иако од минатото но актуелни и атрактивни за гледање “, истакна Димоски.
Претставата е во режија на Васил Зафирчев и Ненад Витанов. Костимографијата е на Раде Василев, а авторската музика на Сашко Костов.

 

„ Музиката е на младиот и одличен композитор за театарска музика Сашко Костов кој ги поврзува современ и историски во една безвремена музика“, рече Витанов.

Насловната улога во претставата ја толкува актерката Кети Борисовска, а покрај неа во претставата настапува речиси целиот ансамбл на театарот: Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Весна Димитровска Бобевски, Зорица Панчиќ и други.
Претставата ќе биде изведена во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот.