Skip to main content

Ќе се прска против комарци, пчеларите да ги заштитат пчелните семејства

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести , а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Јавната Здравствена Установа „Центар за јавно здравје“ ги известува граѓаните и пчеларите дека денес ќе се спроведе втората планирана земјена адултна дезинсекција против комарци.

 |   | 

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 21.07.2017 год.(петок ) и 22.07.2017 год. (сабота) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.