Skip to main content

Реформи во администрацијата за поквалитетен сервиис на граѓаните

На средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески констатирано е дека станува збор за промени кои мора да се спроведат се со цел да се обезбеди поквалитетен сервис на граѓаните.

 |   | 

Потпишување на колективен договор, промена на работно време, елиминирање на политички притисоци врз вработените во јавната администрација и унапредување на мерит системот се само некои од проблемите кои е потребно под итно да бидат решени доколку се сака да се зголеми ефикасноста на работата на јавната администрација. На средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, која неодамна се одржа во Охрид, констатирано е дека станува збор за промени кои мора да се спроведат се со цел да се обезбеди поквалитетен сервис на граѓаните.

„За нас исто така многу важно е доколку оваа влада ни излезе во пресрет а такви се и уверувањата да настанат одредени измени во Законот за јавна односно државна администрација кои го оневозможуваат адекватното раководење со институциите односно процесот на формирање на тимови, на раководни структури, нивна меѓусебна поврзаност и кореспонденција, а се тоа со цел да се обезбеди поквалитетен сервис на граѓаните“, рече Никола Бакрачески – Градоначалник на Охрид

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, неодамна најави и воведување на флексибилно работно време на сите вработени во државната управа, а во одредени институции и двосменско работно време. Со оваа одлука исто така се регулира и двосменското работење на одредени институции, како што се Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење на матични книги, Министерството за внатрешни работи, подрачните отсеци во Секторот за управно-надзорни работи, во Одделот за граѓански работи, Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана на регион со градовите и општините во состав.

Одлуката ќе се применува од 1 септември и оттогаш почетокот на работното време ќе биде меѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршувањето меѓу 15:30 и 16:30 часот со вкупно времетраење на работниот ден од 8 часа.