Skip to main content

Започнува Охридското Еко Лето

Во наредниве неколку дена, а токму поради  изедначување на важноста на културното со природното наследство со кое изобилува нашиот град, представниците на граѓанскиот сектор од земјава ќе дискутираат на голем број теми, од природа и природно богатство, преку можности за еко туризам, па се до одржливо живеење и справување со отпад.

 |   | 

Во време на голем број културни збиднувања во нашиов град, претставниците од граѓанскиот сектор, ќе дискутираат за проблеми поврзани со животната средина. Токму заради изедначување на важноста на културното со природното наследство Охридското Еко Лето се организира за време на културните збиднувања во градот Охрид, кога ќе може да се привлече вниманието и на локалноното население и на туристите. Во наредните неколку денови, панелистите ќе дискутираат на голем број теми од природа и природното богатство, еко туризмот, одржливо живеење и справување со отпад.

„Сакаме да дискутираме на повеќе теми и за тоа како може организациите и граќаните да делуваат тука на терен и за тоа како може да застапуваат некои прашања пред институциите и темите кои ги опфаќаме се како што спомнав денес, природа, имаме еден ден посветен на НП „Маврово“ зошто сакаме да направиме паралела како функционира НП „Галичица“тема посветена на отпадот, одржливо живеење и сакаме да ги испромовираме нашиот концепт „Смарт Охрид“, рече Ана чоловиќ – Лешоска – „ЕКО СВЕСТ“.

Поради своите природни и културни вредности регионот има многу можности за развој, меѓутоа токму развојот е причина за најголемите проблеми на Охридското крајбрежје. Големо внимание на настанот ќе биде посветено токму на еко туризмот и можностите кој истиот ги нуди за одржлив развој на регионов. Покрај тоа што се ризница на културно наследство и археолошки локалитети, Охридското крајбрежје и планината Галичица се и подрачја со исклучителни природни вредности, ендемски и ретки видови флора и фауна, меѓу кои и такви кои содржат информации за еволутивниот процес на Земјата.

„Ако ја видите мапата на природно и култрно наследство на УНЕСКО, Охрид еден од ретките кој ги има и двете. Последните насоки кои беа дадени од страна на УНЕСКО во однос на изградбата на сите тие мега проекти во НП „Галичица“ мислам дека е јасна порака, треба да ја прифати владата и да пристапи согласно овие барања или откажување од тие проекти наспроти стимулирање на еко туризмот или одржливиот начи на живеење“ вели Ана чоловиќ – Лешоска – „ЕКО СВЕСТ“.

Охридското еко лето ќе се одржи од 26 – 30 Јули во Хотел Метропол, Охрид. Неодмна претставници од невладината Еко-свест остварија средба со премиерот на Р.Македонија, г-дин Зоран Заев на која биле посочени најприоритетните проблеми во секторот животна средина, а биле понудени и можни решенија и експертизи за натамошна соработка во насока на поефикасно и побрзо решавање на овие проблеми и унапредување на животната средина во Македонија.