Skip to main content

Водењето на еколошки кампањи во Македонија не е едноставен процес

Граѓанските организации треба да бидат креатори на активности кои нема само да значат печатење на флаери туку ќе значат и соработка со населението како и соработка со институциите каде ќе може да делуваат на полето на креирањето на политиките, законите и проектите кои треба реално да се спроведат.

 |   | 

Граѓанските организации треба да бидат креатори на активности кои нема само да значат печатење на флаери туку ќе значат и соработка со населението како и соработка со институциите каде ќе може да делуваат на полето на креирањето на политиките, законите и проектите кои треба реално да се спроведат.

Европската Унија континуирано пројавува интерес за реализација на многу проекти кои се однесуваат на екологијата, од колекторскиот систем на Охридското Езеро, до изградба на велосипедска патека околу езерото, па се до издвојување на средства за изработка на студија за градење на регионална депонија ви Југозападниот плански регион. Но, за жал, тоа во нашата држава не оди толку лесно.

„ЕУ како и за сите држави на Балканот има предвидено планови и насоки кои државата треба да ги направи за да ги превземе европските закони и да почне да ги имплементира. Ние сме супер на хартија, но мањкаме многу во имплементација на законите. Доколку тука се подигне капацитетот нанашите институции, инспекторати, мислам дека многу полесно ќе оди работата, но факт е дека секогаш ја добиваме истата оценка, дека имплементацијата затајува“ вели Ана Чоловиќ – Лешоска – „ЕКО СВЕСТ“.

Граѓанските организации пак, треба да бидат креатори на активности кои нема само да значат, печатење на флаери туку ќе значат и соработка со населението како и соработка со институциите каде ќе може да делуваат на полето на креирањето на политиките, законите и проектите кои треба реално да се спроведат.

„Граѓанските организации треба да издиајнираат активности кои не само ќе значат, печатење на флаери туку ќе значат соработка со населението, да се овсостави системот на сепарација и рециклирање на отпадот и притискање на ниво на институциите каде ќе може да делуваат на полето на политиките, законите и проектите кои треба реално да се
спроведат за да може да имаме функционални депонии“ објаснува Ана Чоловиќ – Лешоска – „ЕКО СВЕСТ“.

Невладината „ЕКО СВЕСТ“ уште од 2012 та година работи на мониторинг на искористување на средствата од ИПА фондовите, во Македонија, и во сорабока со граѓанскиот сектор во рамките на ИПА 2 механизмот воспоставен да ги собере граѓанските организации во многу сектори не само во животна средина и да ги предаде тие мислења на државните институции, за да може заеднички да се работи на програмите кои би се финансирале од страна на ЕУ, но и тука работите не одат така едноставно, вели Ана Чоловиќ – Лешоска – „ЕКО СВЕСТ“.

„Проблемот е тоа што целиот тој процес оди многу споро бидејќи треба да ги подготвите сите документи на почеток, па да ги објавите тендерите па да се појават изведувачи и да започне работата реално да се случува на терен. Паралелно на овој процес треба да тече процесот на трансформирање на овие диви депонии, транспорт на отпадот, затварање на тие диви депонии“ потенцира Ана Чоловиќ – Лешоска – „ЕКО СВЕСТ“.

Министерството за животна средина и просторно планирање, долги години, откако овие фондови се активни, работи на тематиката на отпад и на пречистителните станици. Во Македонија се работи на повеќе проекти за изградба на прочистителни станици што е многу битно бидејќи чистата вода е предуслов за здрав живот и на полето на отпад на санитарните технички депонии кои не се с амо депонии туку центри за управување со отпад и вклучуваат одлагање, сепарација и преработка итн.