Skip to main content

Опожарени шест палми на новата пешачка патека

Од локалната самоуправа велат дека службите на јавното претпријатие „Охридски комуналец“ веднаш ќе реагираат, додека останатите палми за кои се верува дека се суви нема да се сечат, поточно дека било востановено дека има можност истите да се ревитализираат.

 |   | 

Запалени палми и откорнати украсни дрвја на новоизградената пешачка патека во охрид. Продолжува вандализмот во Охрид кон јавните добра. Покрај тоа што беа опожарени шест од украсните палми засадени во овој дел на градот, од Локалната самоуправа информираат дека биле исто така откорнати и неколку садници од сортата „Каталпа“.

„За среќа претходно „Комуналец“ спроведе чистење на тој простор, ја искоси тревата среден беше тој просотр, запалени беа шест палми.Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ дали во текот на на денешениов ден дали утре, теренот ќе биде среден, но велам, што освен туку да повикаме на совеста на граѓаните“ вели Томе Џамтоски – Портпарол Општина Охрид.

Кога станува збор пак за останатите палми за кои се верува дека се суви, истите нема да се сечат, поточно дека било востановено дека има можност да се ревитализираа, вели портпаролот на Општина Охрид Томе Џамтоски.

„Она што ми го посочиоја стручните екипи на ЈП „Охридски комуналец“ е дека палмите нема да се менуваат. Ќе се остави подолг период бидејќи постои можност да се ревитализираат. Постои можност повторно да пуштат зеленило и ќе останат на тоа место. Во наредниот период доколку повторно доколку со стручен увид се види дека нема да успеат, ќе се отстранат тие палми. Можеби ќе се засадат нови, ќе видиме понатака“ додава Томе Џамтоски – Портпарол Општина Охрид.

Пред четири години во Охрид беа засадени стотина влакнести палми, посадени низ централното градско подрачје, по шеталиштето на градскиот кеј, како и покрај пешачката патека, во непосредна близина на Центарот за обука на вода на АРМ и Станицата на езерската полиција. Секоја од засадените палми вреди 500 евра, а Јавното претпријатие „Македонски шуми“ набави околу 1.000.