Skip to main content

Заев во Охрид го претстави законот за јазиците

Премиерот Зоран Заев денес во Охрид ги презентираше деталите од текстот на Законот за употреба на јазиците кој синоќа беше усвоен од Владата на Р.Македонија. Откако законот ќе биде усвоен и од Собранието на Република Македонија, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои не се дел од овој закон, до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија.

 |  Николоска Биљана  | 

Помина предлог законот за употреба на јазиците во Р. Македонија од страна на Владата. Денес пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид премиерот Зоран Заев и Хазби Лика заменик претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, ги презентираа деталите од тој Закон. Заев истакна, дека со Законот за употреба на јазиците ја унапредиле употребата на јазиците на сите заедници, како и тоа дека сите одредби во законското решение биле согласно Член 5 од Уставот од РМ. Додаде дека пакетот го пратиле на усвојување во парламентот, а откако ќе биде усвоен, ќе биде испратен на венецијанската комисија.

„Го ветивме овој Закон како дел од нашиот концепт едно општество за сите граѓани кој што ја има поддршката од граѓаните и сметаме дека со негово усвојување покажуваме дека нема од што да бегаме. Со Законот ќе се прошири употребата на службениот јазик што го зборуваат најмалку 20 % од граѓаните, што значи дека законот согласно ова ја проширува употребата во институциите, и ќе овозможи на граѓаните да комуницираат со државните институции на својот мајчин јазик“.

Македонскиот јазик со неговото Кирилично писмо е прв јазик за службена употреба, дециден премиерот Заев. Додава дека законот за употреба на јазиците ќе се спроведува онаму каде што тоа Уставот го овозможува.

„Тоа значи дека секој граѓанин кој е по етничка припадност македонец на територијата на Р Македонија се обраќа на македонски јазик насекаде вклучително и на општините каде што се 20 % . Но ако граѓанин на пример се затекне во Гевгелија и е од албанско етничко потекло и е во незгодна состојба, тоа е меѓународно право, има право да се обрати на албански јазик до Центарот за социјални работи, преведувачкиот тим при Центарот во Скопје ќе го направи преводот и ќе му даде одговор на албански јазик“

Откако овој закон ќе биде усвоен и од Собранието на Република Македонија, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои не се дел од овој закон, до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија, информираат од Владата на Р.М. Во отворените прашања спаѓаат е употреба на двојазичност на униформите на АРМ, како и употреба на атрибути на националностите на парите.