Skip to main content

Нема поставено хидранти на новоизградената патека Лабино

Нема поставено хидранти на новоизградената патека Лабино. Хидранти нема и во делови од Варош. Од Проаква тврдат дека од Фондот за улица и патишта до нив немаат доставено барање за поставување хидранти за интервенции во случај на пожари. Локалната самоупрваа во буџетот нема средства за оваа намена.

 |  Валентина Неловска  | 

Деновиве боровата шума и тревата во близина на Канео и вдолж пешачката патека над Лабино се исушени, а по целата должина нема поставено нити еден хидрант. Во моментов во центарот и во стариот дел од градот има околу 70 улични подземни и надземни хидранти. Рекреативната патека иако се градеше плански во зимските и и пролетните месеци остана без хидранти На овој потег се наоѓа лесно запалив простор, борови и нискостеблеста вегетација и други дрва и е пожелно да се постави хидрантска мрежа за побрзо дејствување и гасење на евентуални пожари, заради фрекфенцијата која ја има местото и патека.

Со потребата од постaвување на хидранти на овој дел се соглaсуваат и од Теритoријалната противпожарна едница Охрид и од Проаква. Не се испочитувани законските прописи , на секои 50м да се изведат хидрантски мрежи и прстени кои би служеле во случај на гасење пожари во населени места, а во кои нема изведено водоводна инсталација. Директорот на МЈП „Проаква“ на нашето прашање зошто нема хидранти на патеката и во делови од Варош кажа дека до нив не пристигнало барање од Фондот за комунални дејности за Прокава да постави улични хидранти ни во Лабино ни на улички во Варош како што се Рашанец и Аргир Маринчев. Од Локалната самоуправа одговорија дека во општинскиот буџет нема пари за оваа намена.