Skip to main content

Охриѓанецот Давид Ѓурчиноски се фотографира со Роналдо

Дека соништата се исполнуваат ако со сето срце го посакувате тоа е доказ Младиот Давид Ѓурчиноски од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 


Денес Давид го облече дресот со автограм на неговиот идол, популарниот фудбалер од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.

Два дена охриѓанецот Давид Ѓурчиноски е дел од отворениот тренинг на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на Арената Филип Втори каде вечерва овие два тима ќе си ги одмерат силите.

 

„Ни на сон не можев да поверувам дека еден ден ќе се фотографирам со мојот идол Кристијано Роналдо“, вели скромниот Давид кој активно тренира фудбал во Охрид.

 

 

Денес кога неговиот сон стана реалност, тој на социјалната мрежа фејзбук сподели низа фотографии и со останатите фудбалери на Реал Мадрид