Skip to main content

„Во рогот на волот“ под шифрата Чадор е добитник на наградниот конкурс „Живко Чинго“.

„Во рогот на волот“  под шифрата Чадор е добитник на наградниот  конкурс  „Живко Чинго“. Овој расказ е едногласен избор на членовите на жирито. Од останатите пристигнати раскази, наградениот се издвојува со извонредна наративна изведба, подвлекоа од Комисијата за доделување на наградата. 

 |  Валентина Неловска  | 

Насловот „Во рогот на волот“ е најдобриот расказ на годинешниот конкурс за наградата „Живко Чинго“. Комисијата за доделување на општинската награда Живко Чинго, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Алексоска и поетот Славе Ѓорго Димоски едногласно ја донесле одлуката најдобар расказ да му припадне на „Во рогот на волот“ под шифра „Чадор“.

„Овој расказ се издвојува со извонредна наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи“, истакна проф. д-р Димитар Пандев.

Од комисијата забележуваат дека во годинешните пристигнати раскази доминираат традиционални книжевни форми од македонската литература, а ретки се темите кои се однесуваат на современото живеење.

„Отсуствува поголем корупус на раскази со современи актуелни теми, но радува што се јавуваат во помал број актуелни социјални теми.Донесуваат извесна свежина. Не знам дали тоа се должи на тоа што луѓето со оглед на тоа што станува збор за награда на Живко Чинго најчесто прават омаж на неговиот книжевен корпус, но недостасува присуство на актуелни теми,“ напоменува проф. д-р Наташа Алексоска.


На конкурсот пристигнале 58 раскази, кој повеќето од нив се одликуваат со висок книжевен квалитет. Се јавуваат автори од различни возрасти, со издржани раскази кои посочуваат на постигнато ниво во македонската книжевност, но и помлади раскажувачи на кои малку им недоставува за да се обработени во солидни раскази, подвелкува поеот Ѓорго Димоски.


„Квалитетот на расказите е на високо ниво. Во помал број на расказите се чувствува воведување во литературата, почетнички, кои во иднина би биле добри автори“, вели поетот Славе Ѓорго Димсоки.

Комисијата го очекува пријавувањето на авторството на расказот „Во рогот на волот“ под шифрата „Чадор“, а наградата традицонално ќе биде доделена на 13 август во манастирскиот комплекс Св. Петка, во Велгошти.