Skip to main content

Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски

Традиционална крводарителска акција по повод празникот Св. Климент Охридски. Црвен крстсекоја година им овозможува на охриѓани и на гостите да ја покажат својата хуманост и да ја даруваат својата скапоцена течност.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во градов уште еднаш ја покажаа својата хуманост. Денес тие даруваа крв на традиционалната крводарителска акција која секоја година се одржува по повод големиот празник посветен на патронот на Охрид, Св. Климент Охридски.

Очекуваме да се реализира очекуваниот број на крводарувања и засега сме задоволни. Има и млади крводарители кои секоја година, традиционално даруваат крв на истиот ден, вели, Сибел Доко, волонтер во ЦК.

На оваа крводарителска акција се собрале повеќе единици од планираното, а радува и фактот што се поголем интерес за дарување крв има кај помладата популација кои преку Клуб 25 се стимулираат да се вклучуваат во вакви акции.

Јас сум долгогодишен волонтер во ЦК и многу ми е мило за тоа и на моите врсници би им препорачала да волонтираат во оваа организација, а им благодариме на крводарителите кои дадоа крва на оваа традиционална акција, вели Доко.

Во првиот дел од крводарителската акција Плаошник 2017та која се одвиваше вчера во ОУ Св. „Климент Охридски“ беа реализирани 50 крводарувања. Утрово беа собрануи уште 10 единици, а до крајот на акцијата уште толку. Наредни крводарителски акции во организација на ЦК се оние кои ќе бидат спроведени на почетокот на учебната година со идните матуранти и со студентите од ФТУ.