Skip to main content

Ајдарски од Бугарија е победник на Меѓународниот Олимписки Пливачки Маратон

Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник  на Меѓународниот Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во водите на Охридското Езеро. Боите на Македонија на овој маратон ги одбрани Александар Илиевски и го освои третото место.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Венцислав Ајдарски од Бугарија е победник на првиот Меѓународен Олимписки Пливачки Маратон на 10 километри што денеска за првпат се одржа во Охридското Езеро. Тој беше најбрз од дванаесетмината пливачи од 6 земји, кои точно на пладне влегоа во водите на Охридското Езеро на Градскот Кеј кај старото пристаниште.

Условите за овој маратон беа идеални, исто и организацијата, водата беше прекрасна. СЕ чуствувам многу убаво после испливаната десет километарска патека и повторно би дошол да пливам на овој маратон, рече првопласираниот,Венцислав Ајдарски.

Боите на Македонија на овој маратон ги одбрани Александар Илиевски и го освои третото место

Овие пливачи се олимпијци. Конкуренцијата беше многу јака, но овие пливачи не можат да пливаат повеќе од 10км. Јас сум маратонец, рече Илиевски.


За првото место во женска конкуренција се бореа и две маратонки кои успеаја да ја испливаат десеткилометарската патека со забележително време. Во женска конкуренција победи бугарката Василики Кадоглу.


За значењето на олимпискиот маратон свое видување даде и директорот на маратонот, Александар Маленко.


Искрено сум презадоволен. Зa прв пат во историјата на Македонија сонот што значеше олимписки маратон на езеро се оствари на Светскиот ден на млади. Организацијата протече во најдобар ред, имавме квалитетни пливачи, рече Маленко.


Учество на маратонот од нашата земја зедоа пливачите Андреј Стојаноски, Александар Илиевски, Илија Стојановски и охриѓанецот Милан Китевски, а имаше пливачи од Бугарија, Србија, Холандија и Аргентина. Дека станува збор за сериозна заложба на организаторот зборува фактот што од ФИНА присутни беа седумте најдобри судии кои се грижеа за регуларноста на трката. Овој спортски настан воедно претставува и испит за организаторот „Охридски бранови 2008“ со можност од идната година Охрид да биде домаќин на светски куп во олимписки маратон и место каде би се одржувале квалификации за пливачи за учество на олимпијадата во Токио 2020 г.