Skip to main content

Oбука за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам во Охрид

Станува збор за петта обука по ред, која се спроведува во рамки на ЕСИПП проектот. Обуката ќе се одржи во периодот од 2 до 3 септември 2017 во зградата на Општина Охрид.

 |   | 

Станува збор за петта обука по ред, која се спроведува во рамки на ЕСИПП проектот. Обуката ќе се одржи во периодот од 2 до 3 септември 2017 во зградата на Општина Охрид.

Обуките се бесплатни и се организираат во рамките на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство кој е дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија.

Координатор на проектот е Универзитетот Нортхемптон, а додека пак партнерски организации се: Едукациско-рехабилитацискиот факултет од Загреб, Центар за аутизам од Загреб, Аутизам Европа со седиште во Белгија, Центар за развој и поддршка на деца и адолесценти со аутистичен спектар на нарушувања од Кипар, Европски универзитет од Кипар, Македонско научно здружение за аутизам од Македонија,

Целите на проектот се Создавање на модел заснован на научни докази за едукација на родители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа. Создавање на програма и еколошки материјали за обука на родители. Употреба на материјалите во едукација на семејства на деца со аутизам во региони каде што претходно не биле спроведувани едукации. Оценка на употребата на материјалите и влијанието на обуката преку квалитативни и квантитативни анализи на податоци. Споделување на моделот на програма за едукација на родители, алатките и материјалите со засегнатите страни и давање на препораки на креаторите на политики и оние кои донесуваат одлуки.