Skip to main content

Охрид и селските населби непречено се снабдуваат со вода за пиење од градската мрежа

Охрид и селските населби  непречено се снабдуваат  со вода за пиење од градската мрежа. Дефектите на градската мрежа во споредба со минатата година се намалени скоро за една третина. Во минатиот период е извршена замена на цевоводот во должина од 2 км. Градскиот водоводен  систем е застарен, а во план на  јавното претпријатие  „Проаква“ е  замена на салонитните цевки.  

 |  Валентина Неловска  | 

Водоснабдувањето во градот, туристичките и приградските населби приклучени на градскиот водовод оваа сезона течеше без проблеми, напоменуваат од МЈП Проаква. Освен два поголеми дефекти кои се случиле пред хотел Метропол и новата автобуска станица на цевки од фи 300 мм, поголеми дефекти не биле случени. Од 15 јуни до денес бројот на дефектите на водоводната мрежа е намален во споредба со истиот период лани, кажува техничкиот раководител Сашо Спироски. Во екот на годинешнава туристичка сезона службите интервенирале на 70 дефекти. Минатата година во истиот период техничката служба поправила 200 дефекти, а Спироски открива на што се должи намалувањето на дефектите оваа сезона од скоро 1/3.

„ Намалувањето е врз база на голема потрошувачка на вода, нема затварање на системот туку се троши отворено поголема количина на вода. Извршена е интервенција и промена на 2 км водоводна линии на застарениот цевковод“, посочува Спироски.

Во сезона низ охридскиот водоводен систем има протек на вода од 450 до 520 литри во секунда, додека вон сезона капацитетот е 270 литри во секунда. Поголемиот дел од градската водоводна мрежа со која со вода за пиење се снадбуваат жителите од градот и селските средини е застарена.

„ Водоводниот систем е застарен и се планира промена на слаонитните цевки кои се најамортизирани. За проемна се и металните цевки кои се уништени и им е потреба промена“, кажува Спироски.

Техничките служби на Проаква ќе ги поправаат помалите дефекти на мрежата на профили од пола цол по 20 август. Ова е во интерес на водоснабдувањето на градот во сезона , а зафати ќе има по намалувањето на производство на количната на вода напоменува Спироски.