Skip to main content

Основниот Суд и во летниот период се справува со зголемеиот обем на работа

Охридскиот Суд во летниот период се соочува со поголем обем на работа, а со помалку кадар. Но тоа не е проблем да им излезат во пресрет на барањата на странките кои имаат потреба од тоа. Во оваа установа во секое време има судија или судски службеник кој е задолжен да води сметка за завршување на потребните дејствија или барања на странките во судот, уверуваат од таму.

 |  Николоска Биљана  | 

Туристите кои имаат станови во Охрид, но и нашите иселеници на привремена работа во странство, укажаа на одредени забелешки кои се однесуваат на работата на судската администрација. Нивниот престој во Охрид покрај тоа што го користат за одмор, добар дел од нив ги средуваат и институционалните обврски, меѓу кои и предметите кои им се заглавени во судовите. Тие велат дека во Основниот суд во Охрид тешко можеле да ги завршат своите обврски додека се на одмор, бидејќи не можеле да ги затекнат судиите кои ги решаваат нивните предмети. Секретарот на Основниот суд во Охрид, Борче Мирчески, тврди дека досега до нив немало поплаки од странките дека не можеле да завршат некоја работа.

Во овој период во фаза е судската ферија. Она што треба да кажам е дека при изготувуањето на распоредот за користење на одморите во судот се води сметка постојано да има присутен судија и судски службеник кој ќе обезбеди навремено завршување на потребните дејствија или барањата на странките“

Мирчески појасни само во кој случај би можело да дојде со некое недоразбирање со странките, но дека и тоа може да се надмине, доколку постои волја.

Единствено може да имало некаков проблем доколку исклучиво требало да даде потпис некој судија за предмет за кој што тој е овластен да го води. Доколку имало таков некој случај треба странките да се обратат па ние да го разгледаме ако имаме можност да го распределиме кај друг судија или би нашле некое друго соодветно решение. До овој момент немаме конкретна поплака ние имаме распределено судии тука сум и јас и може некој да се обрати ако има некаквов проблем

Заради судската ферија односно одмор судовите во земјава работат со намален капацитет на вработени а спецификата на Основниот Суд во Охрид е тоа што во летниот период се соочува со зголемен обем на работа, потенцираше Мирчески. Тој категоричен дека и покрај тоа тие успеаваат навремено да ги завршат предметите.