Skip to main content

Учебната година ќе „удри“ по семејниот буџет

Трошоците поврзани со зимницата и секако со почетокот на учебната година, месец септември го прават да биде меѓу најскапите месеци во годината. За целосна подготовка на еден ученик за во училиште семејството треба да оддели најмалку шест илјади денари или околу 100 евра.

 |   | 

Нешто повеќе од една недела не дели до почетокот на новата учебна година, а родителите веќе на големо купуваат училишен прибор и ранци за децата. Трошоците поврзани со зимницата и секако со почетокот на учебната година месец септември го прават да биде меѓу најскапите месеци во годината. Ова особено ги загрижува семејствата кои што располагаат со минимални приходи. Според првичните пресметки што ги прават родителите, почетокот на учебната година за еден ученик семејството ќе го чини околу 6000 денари. Со овие пари како што велат родителите треба да се купат, тетратки, блокчиња, пенкала, моливи, гуми, разни боички и др. школски прибор, потоа ранец, маички, панаталони, тренерки, патики. Голем број од семејствата дел од работите веќе ги купиле, се со цел да ги растеретат семејниот буџет.

„Родителите а и туристите кои се присутни во градов, почнаа да купуваат ранци прво, со тоа почнуваат во јули и август, а во септември месец е резервивран за училишниот прибор, сепак менталитетот кај нас е да децата и родителите да почекаат наставниците да им кажат па во спетември го купуваат. Според нашите сознанија од претходните години цените на училишниот прибор не се сменети, во зависност од квалитетот и производителот на приборот мислам дека заедно со се училишната ташна некаде од прилика околу 3000 денари е онаа средна вредност едно дете да ја започне учебната година“, изјави Димитар Саков – раководител Книжарница „Алби“.

Министерството за образование на учениците од основните и средните училишта им обезбедува само учебници. За се друго што им е потребно на учениците родителите треба сами да се справуваат. Книжарниците веќе се опремени со се она што им е потребно на учениците, а некои од книжарниците веќе со години имаат попусти на училишниот прибор за да им излезат во пресрет на родителите кои имаат пониски примања.

„Ние сме доста снабдени, секако дека допрва ќе се снабудуваме и со тетратки и со ранци и со прибор. 01,41 (лепи) 01,46„секако ранците прво, како за првачиња не знаат сеуште што треба да им се земе се додека не им кажат учителките, но за повозрасните, има некои од учениците кои набавуваат тетратки уште од сега“ изјави Симона Кречова – Книжарница „Просветно дело“.

Покрај во книжарниците, големите маркети и специјализираните продавници, училишниот прибор традиционално за поскромна сума може да се најде и на тезгите на пазарите низ градот. За некои почетокот на учебната година носи голема радост, но на некои тага. Како и да е, сеедно скапо или ефтино, учениците се тие што ќе треба да ги оправдаат направените трошоци со учење и постигнување на резултати.