Skip to main content

Повторно намален број на запишани ученици во руралните општини

Годинава повторно помал бројот на запишани ученици во основните училишта во руралните општини особено во прво одделение.

 |   | 

Годинава повторно помал бројот на запишани ученици во основните училишта во руралните општини особено во прво одделение. Општина Дебрца е една од тие општини. И покрај ваквиот негативен тренд кој е карактеристичен за територијата на целата држава, од оваа општина продолжуваат со реализација на инфраструктурни проекти кои се однесуваат на подобрување на условите за спроведување на образовниот процес. Во отчетот на градоначалникот на општина Дебрца за сработеното во изминативе четири години, стои дека во овој период реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно 11 основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Дебрца, изградено е ново основно училиште во Волино, а реконструирани се основните училишта во Требеништа, Ботун, Лешани и Оровник, сето тоа со вкупна вредност од околу 210.000,0 евра. Градончалникот Игор Трајкоски, категоричен, вели дека услови за спроведување на квалитетна настава мора да има.

„Без разлика колку деца учат во тие училишта треба да им создадеме услови и едно дете да е треба да има услови како и десет деца да се. Трендот е намалувачки, минатата година имавме многу повеќе запишани деца од претходните, оваа година има помалку запишани ученици во прво одделение“ потенцира Игор Трајкоски – Градоначалник Општина Дебрца.

Во изминативе години од страна на Министерството за образование и наука се спроведуваше проектот за изградба на модуларни училишта, кои се градат со едниствена цел, да се обезбедат услови за изведба на наставата, со што ќе се овозможи жителите во овие рурални средини да ги задржат своите деца и да останат да живеат во руралните подрачја. На територијата на општините Охрид и Дебрца функционираат околу дваесеттина подрачни училишта.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на почетокот на учебната 2016/2017 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 192 715 што претставува зголемување за 3.6% во однос на претходната учебна година, додека во учебната 2015/2016 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 185 119 што претставува намалување за 1.7% во однос на претходната учебна година.